Дома Трансфер зона Перез заработи 150 милиони од резерви, но Реал има проблем!?

Перез заработи 150 милиони од резерви, но Реал има проблем!?

Реал Мадрид одработи одличен преоден рок кога се продажбите во прашање, но сепак би можел да се најде во проблеми.

Бразилецот, Данило, беше последен во низата фудбалери кои го напуштија Реал Мадрид, но истовремено и ја наполни касата на Флорентино Перез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можеме слободно да кажеме дека Перез стана мајстор за продажба , како и што е веќе од поодамна за купување, бидејќи секогаш го добива тоа што го сака. Исклучок беше Нејмар во 2013 година.

Ова лето Реал Мадрид инкасирше скоро 150 милиони евра од продажба на играчи кои беа во втор план.Најголема заработка донесе Алваро Мората кој може да донесе заработка од 80 милиони евра доколку исполни одредени бонуси. Хамес Родригез премина во Баерн на позајмица од две години за 10 милиони, но Баерн има опција да го откупи неговиот договор за сума од 35 милиони евра.

Данило денес потпиша договор со Манчестер Сити за сума од 35 милиони евра. Претходно Маријано Дијаз премина во Лион за осум милиони, како и Диего Љоренте кој премина во Реал Сосиедад за сума од шест милиони евра.

Сепак, иако добро одработи кога се продажбите во прашање, Реал не успева да пронајде напаѓач, барем не до овој момент.

Во што е проблемот?

Реално гледано, на пазарот во овој момент нема напаѓач кој би бил идеален за „кралевите“. Познато е дека Карим Бензема е миленик. Реал има пари, парите никогаш не биле проблем за овој клуб, Перез во секој момент може да „искешира“ 100 милиони, но тоа сега не му е неопходно.

Можеби Килијан Мбапе е идеален, но во овој момент неговата цена е навистина преголема. Зинедин Зидан отворено изјави дека неопходен му е уште еден напаѓач, каков и кој?!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …