Дома Трансфер зона Пепе го напушта Реал после 10 години!

Пепе го напушта Реал после 10 години!

Дефанзивецот Пепе ја игра својата последна сезона во Реал Мадрид, со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во јуни, а нема најави за продолжување на соработаката.

Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека Пепе на маса има неколку богати понуди од Кина, но тој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај тоа што има 33 години за него интерес покажуваат неколку англиски гиганти како Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, а Португалецот уште во јануари ќе биде слободен да преговора со заинтересираните клубови.

Потсетуваме, Пепе цели десет години го носи дресот на Реал Мадрид откако пристигна од Порто во 2007 година за 30 милиони евра.

За Реал одигра до сега 326 натпревари, постигна 14 гола и ги освои сите можни трофеи, меѓу кои три титули во Примера и два пати Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…