Дома Фудбал Италија Пеле исфрлен од репрезентацијата – нема да игра против Македонија!

Пеле исфрлен од репрезентацијата – нема да игра против Македонија!

Еден од најинтересните натпревари во овој квалификациски циклус секако беше дербито помеѓу Италија и Шпанија кое заврши без победник 1:1.

Сепак, главна тема денес во италијанските медиуми е напаѓачот на „аѕурите“ Грациано Пеле, кој беше стартер на натпреварот, но во 59-та минута беше заменет со Чиро Имобиле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


При излегувањето од игра Пеле направи голема глупост и не се поздрави со селекторот Вентура, туку налутен веднаш седна на клупата.

Денес Италијанската федерација одлучи да го исфрли Пеле од репрезентацијата „поради недолично однесување“, па напаѓачот нема да патува за Скопје и нема да биде дел од тимот за натпреварот против Македонија.

Сеуште не се знае дали на негово место ќе биде повикан друг напаѓач, а медиумите шпекулираат дека е можно повик да добие „контроверзниот“ Марио Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Иaкo во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од…