Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев амбасадор на УЕФА Суперкупот

Пандев амбасадор на УЕФА Суперкупот

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев ќе биде амбасадорот на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“.

Дуелот во кој за трофејот ќе се борат освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа ќе се одигра на 8-ми август на „Телеком арена“ во Скопје.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Знаеме дека ќе играат двата тима победници од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и ќе биде големо уживање да ги гледаме во Скопје“, исткна Пандев.

Желбата на Пандев е на 8-ми август во Скопје да дојдат Манчестер Јунјатед од Лига Европа и Барселона или Јувентус од Лигата на шампиони.

„Како Фудбалска федерација на Македонија ние сме горди што ја заслуживме шансата да го организираме досега најголемиот спортски настан во нашата историја. Благодарност до УЕФА за укажаната доверба. На овој начин ни се отвора вратата за организирање на настани од ваков профил и во иднина. Една од основните цели на УЕФА е развој на фудбалот во сите делови од Европа, нас ни е исклучително важно што преку овој настан и ние како федерација придонесуваме и го доближуваме фудбалот до неговите навивачи и поддржувачи“, рече претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…