Дома Трансфер зона Пабло Забалета ќе одбере ЕДЕН од овие три клуба

Пабло Забалета ќе одбере ЕДЕН од овие три клуба

Аргентинскиот дефанзивец, Пабло Забалета ќе го напутши Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.

Забалета е долги девет сезони член на Сити, на „Етихад“ пристигна од Еспањол, но на крајот од оваа сезона ќе дојде времето за разделба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот, според пишувањата на италијанските и англиските медиуми, има три опции. Тоа се, како што од претходно се знаеше, Вест Хем и Рома, но во трката се вклучи и Милан. Росонерите целосно ќе го променат тимот во овој трансфер период, а дефанзивниот ред сакаат да го засилат од најдобрите бекови од Премиер лигата последниве години.

Потсетуваме, Забалета кариерата ја започна во Сан Лоренцо, од каде што се пресели во Еспањол, а во моментов ќе го бара четвртиот клуб во кариерата. За репрезентацијата на Аргентина одигра 58 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…