Дома Фудбал Англија Очајно издание на Евертон: Арсенал ја разработи „топчиската“ муниција (Видео)

Очајно издание на Евертон: Арсенал ја разработи „топчиската“ муниција (Видео)

Попладнево екипата на Арсен Венгер славеше на гостувањето на „Гудисон Парк“ со резултат 5:2.

Сепак, натпреварот стартуваше лошо за Арсенал кој од 12. минута беше во резултатско заостанување. Вејн Руни погоди за водство на Евртон, а во 40. минута Монреал израмни за 1:1 на полувреме.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се играше 53. минута кога Арсенал дојде до пресврт. Месјут Озил конечно проработи и погоди за 2:1, а по 15 минути домашниот состав остана со играч помелку, а тоа „Топчиите“ максимално го искористија.

Лаказет потоа во 74. минута беше прецизен за 1:3, а Ремзи во 90. минута само ја потврди големата победа на Арсенал.

Сепак, кога сите мислеа дека е крај, Евертон намали на 2:4 благодарение на погодокот на Ниас, а точка на мечот стави Санчез кој во продолжението погоди за конечни 2:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…