Дома Трансфер зона Официјално: Челзи потврди – Коста се враќа во Мадрид

Официјално: Челзи потврди – Коста се враќа во Мадрид

Сагата околку трансферот на Диего Коста конечно доби епилог. Челзи денес потврди дека постигнал договор со Атлетико Мадрид за трансфер на контроверзниот напаѓач.

Диего Коста беше надвор од тимот на Челзи од почетокот на летото, но ги одби сите понуди бидејќи сакаше да се врати во Атлетико Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Јорганџиите“ не можеа да најдат заеднички јазик со Челзи, но и не се брза бидејќи немаат право да регистрираат нови фудбалери до јануари поради казната на ФИФА.

Денес конечно двете страни постигнаа договор, па Атлетико на Челзи ќе му плати 55 милиони евра, а напаѓачот од јануари ќе може да настапува за тимот на Симеоне.

Диего Коста утре ќе пристигне во Мадрид и ќе тренира со тимот се до почетокот на зимскиот преоден рок, а право на настап ќе има на почетокот на следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…