Дома Трансфер зона Официјално: Робен останува во Баерн!

Официјално: Робен останува во Баерн!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен денес го продолжи договорот со германскиот клуб на уште една година, потврди баварскиот клуб.

Од Баерн соопштија дека договорот со холандскиот фудбалер е продолжен до јуни 2018-та година. Робен е скоро осум години фудбалер на Баерн, каде дојде во трансфер од шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2009-та година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Робен досега има постигнато 82 гола во 152 првенствени натпревари за Баерн, 14 голови во 23 натпревари во германскиот куп и 21 гол во 53 меча во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и победоносниот гол против Борусија Дортмунд во финалето од 2013-та година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…