Дома Останати Кошарка Официјално: Оклахома од денес има пеколно трио

Официјално: Оклахома од денес има пеколно трио

entoni

Трансферот беше и официјално потврден ова попладне.

Она што и се најавуваше денес доби и официјална потврда, Кармело Ентони е нов кошаркар на Оклахома.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова беше објавено и на официјалниот сајт на Оклахома каде што се наведува дека Ентони пристигнува од Њу Јорк во размена за Дак Мекдерморт, центарот Енес Кантер и еден пик на Чикаго Булс во втората рунда од драфтот во 2018 година.

Ентони има 33 години, а во НБА лигата настапува веќе 14 години, а дури десет пати  настапи во НБА Ол-Стар натпреварите. Зад себе има 976 натпревари, 24.8 поени, 6,6 скокови, 3.1 асистенции, 1.06 украдена топка, за 36.2 минути во просек поминати на паркетот.

Во овој момент се наоѓа на 25 место на вечната листа на стрелци во НБА лигата со 25.156 поени. Во сезоната 2012-2013 беше најдобар стрелец на лигата со просек од 28.7 поени по натпревар.

Со овој трансфер Оклахома создаде пеколно трио со Расел Вестбрук, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…