Дома Трансфер зона Официјално: Манџукиќ верен на „старата дама“ до 2020!

Официјално: Манџукиќ верен на „старата дама“ до 2020!

Миленикот на фановите Марио Манџукиќ денес стави потпис на нов догово со „старата дама“ до 2020 година и така стави крај на сите шпекулации околу својата иднина.

Манџукиќ игра феноменална сезона и е неизоставен дел од тимот на Макс Алегри, а поради својата борберност и пожртвуваност стана идол на „бјанконерите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа раководството на Јувентус одлучи да му понуди нов, финансиски подобар договор. Хрватот до сега заработуваше 3,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор ќе заработува 5 милиони евра.

Манџукиќ во Јувентус пристигна во 2015 година од Атлетико Мадрид, а претходно играше за Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …