Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Лекиќ во Вардар до 2019 година!

Официјално: Лекиќ во Вардар до 2019 година!

Андреа Лекиќ го продолжи договорот со ЖРК Вардар и се обврза на верност со скопскиот клуб до јуни 2019 година, објави клубот на својата интернет страница.

Андреа Лекиќ во ЖРК Вардар пристигна во 2013 година од унгарски Ѓер. Таа со „црвено-црните“, во изминатите три сезони има освоено три бронзени медали во Лигата на шампионките.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сезонава во Лигата на шампионите, Лекиќ има постигнато 32 гола, на шест натпревари. Вардар во моментов е единствена екипа во ЛШ што нема пораз, и има серија од осум победи по ред и десет натпревари без пораз, што е клупски рекорд. Во следното коло од главната фаза на лигата на шампионите на 26 февруари Вардар е домаќин на Будуќност.

Вардар претходно ги продолжи договоротите со Татјана Хмирова, Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ. Кликовац и Хмирова потпишаа двегодишни, а Лазовиќ нов едногодишен договор.

Исто така, минатата недела раководството на клубот го договори и трансферт на Драгана Цвијиќ, која по завршувањето на сезоната од Будуќност ќе пристигне во ЖРК Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…