Дома Трансфер зона Официјално: Две ѕвезди го напуштија Манчестер Сити

Официјално: Две ѕвезди го напуштија Манчестер Сити

Манчестер Сити на својата официјална веб страна го потври заминувањето на две ѕвезди од клубот.

После четири години клубот од „Етихад“ ќе го напушти Хесус Навас, играч кој во Сити пристигна во 2013 година на барање на тогашниот тренер Пелегрини. Шпанецот како стартер одигра 77 натпревари, додека 46 пати влегуваше од клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хесус Навас беше клучен играч за „граѓаните“ во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2013/14 – негова прва во Манчестер, а го освои уште и Лига Купот.

„Етихад“ ова лето го напушта и Гаел Клиши на кого исто така договорот му истекува на 30-ти јуни. Французинот му се придружи на „граѓаните“ во 2011 година и во текот на шест години освои две титули во Премиер лигата два Лига Купа.

Клиши за Сити одигра повеќе од 200 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…