Дома Топ вести Откриено: Мбапе го одбил Реал и сакал трансфер во друг клуб, ПСЖ не бил негов избор!

Откриено: Мбапе го одбил Реал и сакал трансфер во друг клуб, ПСЖ не бил негов избор!

Сега се расплетува, „жешката“ приказна, ако е ова вистина, навистина е јасно како успеале ова да си го дозволат.

Килијан Мбапе го одбил Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целата приказна ја откри неговиот татко, имено, не било во прашање тоа што Реал наводно сакал тој да остане уште една сезона во Монако, друго нешто било во прашање. Мбапе не бил убеден дека ќе има доволно минутажа во редовите на „кралевите“.

Тој во ниту еден момент не поверувал во приказните на Зидан дека ќе му даде шанса, па на крајот го избрал ПСЖ.

Но, тоа не бил посакуван, туку принуден избор.

Мбапе сакал, ни помалку, ни повеќе туку во Барселона!

Фудбалскиот агент Хозе Марија Мингуела во програмата на „Кадена сер“, изјави дека го контактирал таткото на младиот фудбалер и дека му кажал дека неговиот сака трансфер во Барселона.

Но, Каталонците немале доволно пари во тој момент, Нејмар беше приоритет, а веќе беа влезени во завршни преговори за Дембеле кој сепак беше поефтин.

На крајот, за Дембеле Барса плати околу 120 милиони плус бонуси, Кутињо не го доведа, а Мбапе замина во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…