Дома Топ вести Одбраната на Јуве се распаѓа – четворица побараа да си одат!

Одбраната на Јуве се распаѓа – четворица побараа да си одат!

Проблеми за шампионот, дали ова е конечно шанса некој во Италија конечно да ја прекине доминацијата на кого сите им здодеа, освен секако на навивачите на Јуве.

Јуве, како што сега стојат работите, сепак ќе мора значително да го промени тимот, иако тоа не беше намерата на клубот по двојната круна и новото загубено финале во Лигата на Шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дани Алвеш веќе си замина, директорот Марота тоа го потврди, што се однесува на другите играчи, тој повторно, никого нема да задржи против неговата волја, секако, доколку некој не ја наполни касата.

Засега сигурно е дека сакаат да си заминат Алекс Сандро и Квадрадо. Првиот е мета на Челзи, „Сините“ се подготвени да му платат 70 милиони евра и се шпекулира дека Јувентус ќе ја прифати понудата.

Што се однесува за Колумбиецот, за него заинтересиран е Арсенал, но Јуве нема да го пушти за помалку од 30 милиони. Квадрадо го загуби местото во тимот, самиот факт дека клубот бара странски играчи покажува дека нема да биде прв избор на Алегри, па е незадоволен.

Денешниот „Tuttosport“ тврди дека и Лео Бонучи би можел да се пресели во Челзи за околу 60 милиони, што практично би значело дека Јуве мора да направи нова одбрана.

Дококлу тие се одлучат да ги продадат незадоволните и да соберат многу пари, мораат да купуваат што не е проблем, но навистина е шанса за ривалите. Кога во летото 2015. година остана без Пирло, Видал и Тевез, имаа доста проблеми на почетокот на сезоната, во еден момент заостануваа дури 11 бода зад Интер.

Кого Јуве би донел како замена за играчите кои сакаат да си одат?

До сега го ангажираа Шик, но исполнети се во нападот, и понатаму преговараат околку Даглас Коста и Бернандески, тие двајца би чинеле некаде 100 милиони евра, но би биле решение за крилните позиции во офанзивата.

Но, многу голем проблем би се направило, во случај да си замине Алекс Сандро на позицијата лев бек. Манчестер Јунајтед за Дармиан бара 20 милиони евра, актуелен е и Де Шиљо од Милан и едниот и другиот играат на двата бека.

Што се однесува за Бонучи, Ругани е подготвен да го замени, во јануари пристигнува и Калдера, а Јувентус го има Бенатија. Останува и голман, поточно замена за Буфон, Шчезни и понатаму е мета, но Арсенал бара големи пари за Полјакот.

Алегри бара играч за врска, најблиску е Н`Зонзи, Јуве и понатаму верува дека како дел од договорот за Бонучи и Алекс Сандро би можеле да го доведат Матиќ, со што би се решил проблемот во средниот ред.

Во секој случај, ако навистина продадат четири или пет играчи, ќе биде тешко да се воигра тимот што е шанса за ривалите, пред се поради Наполи кој ќе го задржи тимот, но и миланските клубови, како и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…