Дома Топ вести Овој детал од договорот на Меси воопшто нема да му се допадне на Роналдо

Овој детал од договорот на Меси воопшто нема да му се допадне на Роналдо

Сите знаеме дека помеѓу Кристиано Роналдо постои големо ривалство, па покрај по бројот на трофеите овие двајца се натпреваруваат и по висината на цифрите во договорот.

Иако тие суми никогап не добиваат официјална потврда, според шпанските медиуми висината на платата на Роналдо во новиот договор изнесува помеѓу 22 и 25 милиони евра. Со оглед на фактот дека со стариот договор заработуваше помеѓу 17 и 20 милиони, тоа е значително покачување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, сега освојувачот на четири „Златни топки“ повторно ќе се разочара бидејќи неговиот најголем ривал, Лео Меси според новиот договор ќе заработува 35 милиони евра, и тоа нето плата во Барселона.

Според пишувањето на „АС“ оваа сезона платата на Аргентинецот изнесува 29 милиони евра, вклучително и пеналите кои клубот ги презеде поради каснењете на плаќање данок во периодот од 2010 до 2013 година.

Во следните неколку недели се очекува таткото на Меси, Жорге да седне на преговарачка маса со раководството и Аргентинецот да потпише нов договор според кој ќе заработува 35 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…