Дома Фудбал Англија Ова се петте најголеми трансфер разочарувања во ПЛ- На нив беа потрошени 160 милиони евра, но за џабе!

Ова се петте најголеми трансфер разочарувања во ПЛ- На нив беа потрошени 160 милиони евра, но за џабе!

Англиските премиерлигаши минатото лето на засилувања потрошија неверојатни милијарда и 612 милиони евра. Ги срушија сите рекорди, а секако дека најмногу трошеа гигантите од Манчестер.

Така Сити потоши 250 милиони (од кои речиси 150 на бекови) и Јунајтед кој потроши 160 милиони (на само три играчи), додека Евертон изненади со 158,2 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму засилувањето на Евертон, Гифли Сигурдсон е најголемото разочарување ова лето. Евертон на Свонси им плати 50 милиони евра. Исланѓанецот во своето деби постигна неверојатен гол речиси од центарот, но тоа беше единственото што до сега го покажа. Во Премиер лигата за сега се уште не постигна гол, ниту пак асистенција. Навивачите на Евертон се надеваат дека директниот пласман на СП ќе му го подигне моралот.

На второто место е Алекс Окслед Чемберлен, кој Ливерпул ова лето го купи од Арсенал за 38 милиони евра. Англискиот репрезентативец за „Црвените“ одигра 11 натпревари и за сега не постигна гол, ниту пак асистираше, а Јирген Клоп се помалку му дава можност за игра. Интересно е тоа што тој не започна ниту еден натпревар во шампионатот.

На третото место е уште еден играч на Евертон, англискиот стопер со ирско потекло, Мајкл Кин кој пристигна од Барнли за 28,5 милиони евра. Кин одлично започна на „Гудисон“, дури и постигна гол против Хајдук во Лигата на Европа, но по тоа, како и целата екипа на Евертон, драстично падна. „Карамелите“ во моментов го завземаат дури 16. место со мизерни 7 осбоени бода и ја имаат третата најлоша одбрана во лигата.

Борнмаут минатата сезона во Премиер лигата одигра одлично и ја заврши сезоната на 9. место. Меѓутоа, во новата сезона влезе лошо и во моментов е претпоследен со само четири бода. Во ова е вклучен и холандскиот дефанзивец, Натан Аке, кој ова лето за рекордна цифра од 22.8 милиони евра пристигна од Челзи откако минатата полусезеона одигра одлично на позајмицата во Борнмаут.

Последниот на оваа листа е Андре Греј, напаѓачот со јамајско потело кој Вотфорд го купи од Барнли за 20,40 милиони евра. Греј за сега во девет натпревари постигна еден гол и запиша асистенција, што не е доволно за најскапото засилување во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…