Дома Фудбал Германија Ова не се случува секој ден: Шмит избори опстанок, па заработи отказ во Мајнц

Ова не се случува секој ден: Шмит избори опстанок, па заработи отказ во Мајнц

Не се случува секој ден тренерот на клубот кој ќе обезбеди опстанок во лигата да добие отказ.

Таа судбина ја доживеа тренерот на Мајнц, Мартин Шмит, кој беше отпуштен само два дена по крајот на сезоната во Бундеслигата во која неговиот тим избори опстанок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, Мајнц не требаше да биде доведен во ситуација да стравува за опстанок, бидејќи во поголемиот дел од сезоната беше цврсто позициониран во безбедната зона, но во последните десет натпревари во сезоната доживеа дури шест порази.

На крајот, Мајнц имаше многу среќа и остана во лигата благодарение на подобрата гол разлика од Волфсбург, кој заврши на 16. место, што води до плејофот за опстанок, а имаше исто така 37 освоени бода.

Мартин Шмит на клупата на Мајнц пристигна во 2015. година и договорот го врзуваше со овој клуб до 2018. година, но сепак 2018. ќе ја пречека на некоја друга адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…