Дома Трансфер зона Ова е последната понуда за Диего Коста – се чека одговор на Челзи

Ова е последната понуда за Диего Коста – се чека одговор на Челзи

Сагата околу иднината на Диего Коста продолжува. Тренерот Антонио Конте не смета на него, но Челзи не сака да го пушти по „ниска“ цена.

Познато е дека Диего Коста сака да се врати во Атлетико и дека ги одби сите останати понуди, но „јорганџиите“ цело лето не можат да најдат заеднички јазик со Челзи околу обештетувањето.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и после затбворањето на преодниот рок, бидејќи Коста до јануари секако нема да може да игра за Атлетико.

Англиските медиуми пренесуваат дека Атлетико денес испратил нова, последна понуда до Челзи за Коста. Таа гласи 55 милиони евра во кеш, плус 10 милиони како бонуси.

Сега Челзи треба да одговори на оваа понуда, а со оглед на фактот дека Диего Коста веќе три месеци не игра фудбал и тренира сам, прашање е дали навистина вреди толку пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…