Дома Трансфер зона Обамејанг се договори, позната следната дестинација?

Обамејанг се договори, позната следната дестинација?

aubemeyang

Иако беше на чекор од ПСЖ и беше мета на уште неколку големи клубови, Габонецот со својата одлука веројатно изненади многумина.

Во еден момент изгледаше дека се е готово, 14 милиони евра по сезона, Обамејанг беше пред вратите на ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, Дортмунд не сакаше да го пушти за помалку од 80 милиони евра, на крајот работите се искомплицираа. Се појави Милан, но „Милионерите“  пред неколку дена ги обвинија за недостаток на респект и одбија да преговараат.

Но, ниту Обамејанг не беше премногу „загреан“ за „росонерите“, клуб каде што практично ја започна професионалната кариера, а повикот кој го чекаше, не го доби. Реал не беше заинтересиран.

Сега, повеќе германски медиуми пренесуваат дека Дортмунд постигнал договор со неименуван кинески клуб и Габонецот ќе се пресели во Кина, но во јануари.

Габонецот ќе мора да почека јануарскиот преоден рок бидејќи во Кина во овој момент трансфер пазарот е затворен. Се шпекулира дека ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…