Дома Трансфер зона Обамејанг потврди: Еве кога ќе го открие новиот клуб!

Обамејанг потврди: Еве кога ќе го открие новиот клуб!

Габонскиот напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг во следните седум дена ќе донесе одлука за својата иднина.

Габонецот ова лето ќе биде еден од најбараните напаѓачи во Европа, особено по одличната сезона во која постигна дури 31 гол, само во Бундеслигата. Обамејанг е првиот стрелец во Бундеслигата и ќе може да ја избере следната дестинација, а тој изјави дека одлуката ќе ја донесе за седум дена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ќе видиме што ќе се случи. Во следните седум дена ќе ја донесам одлуката. Медиумите пишуваат што сакаат, но јас морам да разговарам со луѓето од клубот и тогаш ќе одлучам. Се договориме да разговараме по завршувањето на сезоната и ќе разговараме за сè“, изјави Обамејанг.

Потсетуваме, странските медиуми пишуваат дека за услугите на Обамејанг се заинтересирани екипите на Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …