Дома Топ вести Обамејанг открива СЕ – Еве зошто пропаднаа трансферите во Реал, ПСЖ, Милан, Кина…

Обамејанг открива СЕ – Еве зошто пропаднаа трансферите во Реал, ПСЖ, Милан, Кина…

obameyang

Зошто ова лето не се реализираше еден од долго најавуваните трансфери?

Обамејанг се договори ПСЖ! Обамејанг преминува во Кина за огромна сума! Обамејанг сака во Реал Мадрид! Обамејанг блиску до Милан… Беа само некои од насловите во минатото лето поврзани со Габонецот, но на крајот трансферот не беше реализиран, иако навистина многу клубови го посакуваа во своите редови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега, Пјер Емерик Обамејанг конечно проговори за случувањата во летниот преоден рок и објасни се што се случуваше и зошто не се случи некој од најавуваните трансфери.

„Не сонувам повеќе за Реал, не сакам да зборувам за нив, бидејќи очигледно не ме сакаат. Но, тоа не ми претставува проблем, ќе продолжам понатаму. Убаво ми е во Дортмунд. Имав договор со Борусија да ме пушти да заминам, но не сум фрустиран што останав“.

„Еден месец пред пристигнувањето на Нејмар во ПСЖ ме контактираа луѓе од францускиот клуб. Кон почетокот на јули се сретнав со Ал Келаифи, но потоа во ПСЖ пристигна овиот спортски директор Антеро Енрике и повеќе не беа заинтересирани за мене“.

„Понудите од Кина не ги сфаќав сериозно, причина за такво нешто е нивниот недостаток на професионализам. Неколку пати го одложуваа испраќањето на официјална понуда. Работеа навистина непрофесионално, пристигнаа во Дортмунд, разговаравме, најавија дека ќе се вратат со официјална понуда, но никогаш не се вратија“.

„Милан? Нема голема разлика помеѓу она што го заработувам тука и она што ми го понудија. Нивниот проект е навистина интересен, испратија понуда, но од некои причини трансферот не беше реализиран“, откри Обамејанг кој потоа зборуваше за трансферот на Дембеле во Барселона.

„Сосема го разбирам Дембеле, Барса секогаш беше негов сон“, заврши Габонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …