Дома Трансфер зона Нов ПРОБЛЕМ за Клоп, еден од најдобрите пред заминување – Познати и причините!

Нов ПРОБЛЕМ за Клоп, еден од најдобрите пред заминување – Познати и причините!

liverpool

Eкипата на Ливерпул би можела и наредното лето да има проблеми на трансфер пазарот.

Клубот од „Енфилд“ во последните неколку преодни рока имаше навистина големи проблеми, изминатото лето тоа беше добро познатата сага со Фелипе Кутињо, следен кој би можел да прави проблеми е Емре Џан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот на Германецот истекува веќе наредното лето, тој одбива да потпише нов и тоа значи дека во јануари би можел да потпише пред договор со Јувентус.

Причини за вакво нешто има повеќе, прво Џан верува дека со Јувентус би можел да се бори за повеќе трофеи. Покрај тоа што Јувентус секоја година се бори и го освојува трофејот во домашното првенство, „старата дама“ има уште еден „кец во ракавот“.

Бидејќи италијанскиот клуб не би платил никаква оштета за услугите на Џан би имал можност на Германецот да му понуди и поголема плата.

Џан во Ливерпул заработува „скромни“ 55.000 евра неделно, односно околу два милиони фунти годишно, Јувентус е спремен во најмала рака да ги дуплира неговите примања.

Германецот оваа сезона е незаменлив дел од средниот ред на „црвените“, игра одлично и изгледа дека би можел да го задржи стартното место во тимот и кога ќе се врати Фелипе Кутињо.

Да потсетиме, Клоп за наредната сезона веќе обезбеди засилување во средниот ред, а тоа Наби Кеита од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…