Дома Топ вести Нов извор кој потврдува: „Нејмар во Барселона само со чудо“

Нов извор кој потврдува: „Нејмар во Барселона само со чудо“

Странските медиуми се уверени дека бразилскиот фудбалер Нејмар ова лето ќе ги напушти редовите на Барселона.

Нејмар како што се наведува, доби одлична понуда од ПСЖ и сака да ја прифати, а како главна причина се наведува тоа што е втор план во однос на најголемата ѕвезда на клубот, Лео Меси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа помеѓу останатото го тврди угледниот Скај Спорт кој како што вели, само чудо може Нејмар да го задржи на „Камп Ноу“.

„Само чудо може да го задржи во клубот, тој одлучи да замине“, вели извор близок на Нејмар кој додава:

„Тој во 25 години мисли дека е време да ја освои златната топка. Верува дека може да биде најдобар фудбалер на светот во некој друг клуб“.

За пристигнувањето на Нејмар, ПСЖ е подготвен да издвои неверојатни 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…