Дома Фудбал Останато Нов „БИСЕР“ на Ибра, еве што Швеѓанецот мисли за ПСЖ и Нејмар!

Нов „БИСЕР“ на Ибра, еве што Швеѓанецот мисли за ПСЖ и Нејмар!

Заврши една од најголемите сапуници ова лето Нејмар премина во редовите на ПСЖ, а еве што имаше да каже секогаш оригиналниот Златан Ибрахимовиќ на оваа тема.

Со доведувањето на Нејмар, ПСЖ истакнува кандидатура за освојување на Лигата на шампионите, што е и нормално кога ќе потрошите 222 милиони евра на само еден играч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во времето кога Златан Ибрахимовиќ го носеше дресот на францускиот клуб најголемо достигнување на клубот од Париз во Лигата на шапионите беше четвртфиналето, токму поради тоа Ибра се сомнева дека некој друг може да донесе нешто што тој не успеа.

Швеѓанецот беше запрашан дали смета дека ПСЖ со Нејмар е кандидат за титулата, а еве Златан одговори во свој стил.

„Кога големиот Златан не успеа, како можете да мислите дека тоа го може Нејмар“, изјави Ибрахимовиќ.

Да потсетиме, единствениот трофеј кој недостасува во кариерата на Ибрахимовиќ е токму трофејот во Лигата на шампионите, додека Бразилецот Нејмар веќе има еден кој го освои со Барслеона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…