Дома Фудбал Останато Ништо не е ГОТОВО: Нејмар ОДИ чекор подалеку – Бразилецот побарал ПРОДАЖБА на Кавани?!

Ништо не е ГОТОВО: Нејмар ОДИ чекор подалеку – Бразилецот побарал ПРОДАЖБА на Кавани?!

Новата сезона за ПСЖ донесе победи, одлични настапи, но и проблеми помеѓу двете големи ѕвезди на тимот, Нејмар и Едисон Кавани кои изгледа дека и не се така наивни…

Нејмар пристигна, Бразилецот веројатно очекуваше да биде прва ѕвезда на тимот, но Кавани не го препушти лесно својот статус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во натпреварот против Лион, Нејмар и Кавани влегоа во конфликт околу тоа кој треба да го изведе ударот од белата точка и тоа не им беше прв пат оваа сезона, на крајот одговорноста му припадна на Уругваецот кој не го реализираше пеналот.

Тој конфликт кога во прашање е резултатот не донесе големи последици, но од друга страна пак надвор од теренот ѕвездите влегоа во сериозен конфликт, а тоа стана јасно откако Нејмар престана да го следи својот соиграч на социјалната мрежа Инстаграм, а сега „Мундо Депортиво“ пишува дека Бразилецот отишол и чекор подалеку.

Имено, реномираниот шпански медиум стигнал до информации според кои Нејмар веднаш побарал од Насер Ал Келаифи, да го продаде Кавани на крајот од сезоната! Наводно, Нејмар е добро запознаен со ситуацијата околу финанскиот фер плеј, па тој изразил желба клубот да го продаде Кавани и така да ги „испегла“ сметките.

Како сето ова ќе заврши сеуште не е јасно, но сигурно не очекуваат уште многу изненадувања…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…