Дома Фудбал Нејмар ја објасни фотографијата со Пике

Нејмар ја објасни фотографијата со Пике

Бразилскиот фудбалер, Нејмар ги собори сите можни рекорди со трансферот од Барселона во ПСЖ вреден неверојатни 222 милиони евра.

Сагата околу трансферот на Нејмар во францускиот клуб започна пред две недели, но тогаш никој не сфаќаше сериозно дека ПСЖ би можел да плати толкава сума за откупната клаузула на овој фудбалер. Меѓутоа, Парижаните порачаа дека имаат пари и дека се во рацете на Нејмар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот интернационалец десетина дена размислуваше за тоа кој потег да го направи, што ги излудуваше играчите и навивачите на Барселона. Џерард Пике пред неколку дена објави фотографија со Нејмар на која пишуваше „Тој останува“, но очигледно дека ниту дефанзивоецот на Каталонците на крајот не знаел што ќе се случи. Нејмар за таа цел одлучи да објасни зошто Пике ја објавил таа слика.

„Му кажав да не го објавува тоа, но тоа беше негово мислење тогаш. Во тој момент не знаев што ќе се случи. Тоа беше комплицирана ситуација, а одлуката ја донесов пред два дена. Но, тој на тој начин се обиде да се пошегува и да го изрази своето мислење околу се. Пике ми е навистина голем пријател“, истакна Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …