Дома Трансфер зона Нејмар го советува раководството: Тој играч е идеален за Барселона!

Нејмар го советува раководството: Тој играч е идеален за Барселона!

Бразилската ѕвезда на Барселона, Нејмар јасно им порача на челните луѓе да се обидат да го донесат неговиот сонародник за кого смета дека идеално би се вклопил на „Камп Ноу“.

Нејмар во разговор за англиските медиуми откри дека би сакал Кутињо да му се приклучи на „Камп Ноу“, бидејќи одлично би се вклопил во системот на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Единствениот играч од Премиер лигата кој без проблеми би се вклопил во системот на Барса е Кутињо. Тоа е единствениот играч од Премиер лигата кој би го сакал во својот тим. Убеден сум дека тој би бил вистинско засилување нас“, изјави Нејмар, а потоа појасни како функционира тимот на Барса.

„Ние одлично функционираме како тим и си помагаме едни на други. Меси е левоног, а игра десно. Јас шутирам со десната, а играм по левата страна, додека Луис Суарез е нашиот најдобар голгетер и се е во служба на тимот. Ние меѓусебе се натпреваруваме за сите заедно да бидеме подобри. Покрај тоа, иамме одличен однос и надвор од теренот и тоа пријателство го пренесуваме и на натпреварите. За добри играчи секогаш има место во нашиот тим“, изјави Нејмар.

Покрај Кутињо, Барселона е заинтересирана за уште еден играч од Премиер лигата. Според информациите на каталонските медиуми, една од најсериозните мети на Каталонците е Ријад Марез од Лестер, чиј трансфер е полесен за реализирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …