Дома Останати Авто Мото Нема казна за Хамилтон – денес стартува од пол позицијата на Силверстон

Нема казна за Хамилтон – денес стартува од пол позицијата на Силверстон

Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија, која денес ќе се вози на патеката Силверстон.

Хамилтон беше најбрз во квалификациите, но против него беше покрената истрага, бидејќи во еден круг недозвоелно го блокираше Роман Грожан. Сепак стјуардите олучија дека Хамилтон не направил ништо што не е дозволено.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британецот ја освои 67 пол позиција во кариерата и му недостасува уште една за да го израмни рекордот на Михаел Шумахер.

Најбрзиот круг кој го возеше Британецот во квалификациите изнесуваше една минута и 26,6 секунди.

Во првиот ред до Хамилтон ќе стартува Кими Раиконен, а вториот го формираа Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.

Колегата на Хамилтон, Валтери Ботас, беше четврти во квалификациите, но бидејќи замени менувачот тој е вратен назад за пет места и трката ќе ја стартува од деветтата позиција.

Трката за ГН на Велика Британија ќе се вози денес, недела, од 14 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…