Дома Трансфер зона Нема дилеми, Данило заминува – Зидан подготвува трајно решение!

Нема дилеми, Данило заминува – Зидан подготвува трајно решение!

zidane

Интересен избор на стратегот на Реал Мадрид.

Десниот бек на Реал Мадрид и дефинтивно преминува во Манчестер Сити, трансферот се очекува да биде реализиран до вторник, пренесува „Марка“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реномираниот мадритски весник пренесува дека Данило утрово се простил од соиграчите во Реал и се спрема за преселба во Лос Анџелес каде што во овој момент се наоѓа англискиот клуб на припремите за новата сезона.

Манчестер Сити за Данило ќе палти 30 милиони евра, додека уште пет ќе бидат исплатени преку бонуси. Данило го чека договор на пет години. Претходно, граѓаните го доведоа Кајл Вокер, а пред трансфер во Сити е и дефанзивецот на Монако, Менди за рекордна сума од 57.5 милиони евра.

Додека Данило се простува од Реал, Зинедин Зидан полека спрема замена. Наводно, Реал нема да купува десен бек ова лето, туку Зидан на своите соработници им дал посебен режим на работа за Лукас Васкез.

Имено, тој веќе некое време работи на преселба токму на позицијата десен бек што би му создало поголем простор за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…