Дома Македонски спорт Мак ракомет Немаше дилема: Четири од четири за Вардар во СЕХА лигата

Немаше дилема: Четири од четири за Вардар во СЕХА лигата

Екипата на Вардар вечерва на домашен терен успеа да ја оствари и четвртата победа во рамки на регионалната СЕХА лига, триумфирајќи против екипата на Татран Прешов со 32:28.

Избраниците за Раул Гонзалес сигурно влегоа во мечот и немаше сомнеж дека се ќе биде и овојпат на страната на црвено-црните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тие првото полувреме го добија со високи 18:11.

Во вториот дел гостите се обидоа да се вратат и судејќи само по вториот дел беа поуспешни. Имено, тие второто полувреме го добија со резултат 17:14, но тоа не беше доволно за на крајот да го совладаат актуелниот европски шампион.

Со по четири постигнати гола во дресот на Вардар се запишаа Фереира, Циндриќ, Карачиќ Шишкарев и Борозан.

Вардар следниот меч во регионалната лига ќе го одигра против ППД Загре за 17. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…