Дома Фудбал Останато Неверојатна бламажа: Целиот свет им се смее на Турците!

Неверојатна бламажа: Целиот свет им се смее на Турците!

Турскиот фудбалски сојуз во последните години има проблем со враќање на врвот на европскиот фудбал, каде им е местото според сите параметри.

Тамошните фудбалски фукционери прават се за да го засилат тимот, а една од најголемите бази и понатаму им е Германија. Поради големиот број на иселеници во оваа земја, Турците редовно ги обиколуваат тренинг камповите на тамошните клубови и се обидуваат да ги убедат фудбалерите да играат под нивниот грб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогаш тоа им поаѓа од рака, а некогаш само се бламираат. Така германските медиуми донесуваат интересна инфорамција за неуспешен обид за „кражба“ на еден од најдобрите млади играчи во Германија.

Станува збор за дефанзивецот на Хофенхајм Никлас Шуле кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Германија. Имено, Турците во неговото презиме виделе „нешто турско“ па се обиделе да го доведат.

Тоа го потврди и самиот фудбалер појаснувајќи дека оваа несекојдневна ситуација му се случила додека играл за кадетската репрезентација на Германија.

Шуле е роден во Франкфурт и нема апсолутно никаква врска со Турција, но тоа не го знаеле луѓето од Турскиот фудбалски сојуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…