Дома Фудбал Лига на шампиони На фудбалските храмови низ Европа денес почнува 26-та сезона од Лигата на шампионите

На фудбалските храмови низ Европа денес почнува 26-та сезона од Лигата на шампионите

Денес, вторник, 12 септември, на 8 европски храмови на фудбалската игра, започнува 26-та сезона во најквалитетното натпреварување во клупскиот фудбал, Лигата на шампиони. Титулата во сезоната 2017/2018 ја брани Реал Мадрид.

Триесет и два тима поделени во осум групи, во вторник, ја започнуваат трката по највредната титула во клупскиот фудбал. Актуелен шампион е Реал, кој стана првиот тим кој од 1992 година кога Купот на европските шампиони стана Лига на шампиони успеа да ја одбрани титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај Реал и оваа сезона фаворитите се Барселона, Баерн, Атлетико Мадрид, Јувентус, но и премиерлигашите Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити и Ливерпул.

Оваа сезона во елитата се враќаат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но и европскиот првак од 1970 година Феенорд. Холандскиот шампион последен пат беше дел од елитата пред 15 години.

Во Лигата на шампионите ќе дебитираат вицепрвакот на Германија, РБ Лајпциг и шампионот на Азербејџан, Карабаг.

Првата вечер во Лигата на шампионите ги носи пресметките во групите А, Б, Ц и Д. Дербито се игра на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Јувентус. Ова ќе биде реприза на финалето во 2015 година кога Барселона ја освои титулата со победата 3:1, односно реприза на минатосезонското полу-финале кога Јувентус со 3:0 и 0:0 се пласира во финалето.

Второто дерби е на „Олимпико“ во Рим, каде Рома ќе го пречека минатосезонскиот полу-финалист и финалистот од пред две сезони Атлетико Мадрид.

Група А:

Манчестер Јунатед-Басел
Бенфика-ЦСКА Москва

Група Б:

Селтик-ПСЖ
Баерн Минхен-Андерлехт

Група Ц:

Рома-Атлетико Мадрид
Челси-Карабаг

Група Д:

Барселона-Јувентус
Олимпијакос-Спортинг Лисабон

Натпреварите започнуваат во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…