Дома Топ вести На повидок нов случај Погба? Јунајтед губи супер талент и може да зажали!

На повидок нов случај Погба? Јунајтед губи супер талент и може да зажали!

Манчестер Јунајтед одлично ја започна сезона и заедно со Сити е на врвот на табелата во Премиер лигата, па единствената работа која може да го загрижува Мурињо е повредата на Пол Погба.

Познато е дека Погба како 18-годишен талент без обештетување го напушти Манчестер Јунајтед, а минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ за трансфер вреден 115 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ можат да ја повторат истата грешка со уште еден голем талент од академијата, а станува збор за Ангел Гомес.

Овој 17-годишен фудбалер кој е роден во Лондон, и беше капитен на сите младински селекции на Англија, воедно е и најмлад дебитант во дресот на Јунајтед. Гомес дебитираше на крајот на минатата сезона со само 16 години и 263 дена.

Станува збор за голем талент кој претставува иднина на европскиот фудбал, но на „Олд Трафорд“ имаат причина за грижа бидејќи за него силен интерес покажуваат Јувентус и Барселона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед може да ја повтори грешката од Погба, особено поради фактот што договорот на Гомес истекува на крајот на сезоната, па уште во јануари може да потпише за некој друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…