Дома Трансфер зона На повидок голема трампа меѓу Баерн и Тотенхем!

На повидок голема трампа меѓу Баерн и Тотенхем!

Покрај заминувањето на двајцата значајни фудбалери Филип Лам и Чаби Алонсо, во Баерн спремаат голема реконструкција на тимот ова лето.

Ова лето ќе биде прометно во Минхен, медиумите веќе најавија дека ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез од следната сезона ќе игра на „Алијанц Арената“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа од играчите кои би можеле да го напуштат славниот германски клуб се издвојува едно големо име. Бразилецот Даглас Коста за кого интерес покажуваат многу европски гиганти, но медумите тврдат дека е најблиску до Тотенхем.

Баерн сака да ја искористи ваквата ситуација и во Минхен да го донесе одличниот десен бек на Тотенхем, Кајл Вокер во кого гледаат идеална замена за Филип Лам. Меѓутоа цената на Англичанецот е доста висока, па Баварците се спремни покрај Даглас Коста да платат и одредена сума на пари.

Трансфер периодот сеуште не е официјално отворен, па нема сомнеж дека оваа сторија ќе биде актуелна во неделите кои следуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…