Дома Фудбал Англија На „Олд Трафорд“ пристигнува синот на играчот од кој едвај се ослободија

На „Олд Трафорд“ пристигнува синот на играчот од кој едвај се ослободија

Навивачите на Манчестер Јунајтед би можеле да се потсетат на некои стари спомени доколку клубот наскоро го реализира трансферот на едно момче кое има само 14 години.

Станува збор за синот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Фил Невил. Фил е помладиот брат на Гери Невил, а свовремено, заедно со неговиот брат беа бековскиот тандем во тимот на Сер Алекс Фергусон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Фил никогаш не беше омилен кај навивачите на Манчестер Јунајтед и често во него го гледаа виновникот за лошите резултати или некои примени голови. Тоа влијаеше и на одлуката на клубот летото 2005. година да го продаде на Евертон.

Сепак, 12 години подоцна неговиот син Харви би можел да ги оживее старите спомени, а навивачите се надеваат дека тој не е играч од ист квалитет како Фил.

Харви во моментов настапува за младите категории на Валенсија, бидејќи неговиот татко беше помошен тренер во тој шпански клуб, пред две години кога Гери Невил го водеше тимот, но навистина многу лошо.

Освен Манчестер Јунајтед, за овој фудбалер заинтересиран е и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …