Дома Фудбал Англија На никого не му е јасно зошто Тотенхем го направи ова!

На никого не му е јасно зошто Тотенхем го направи ова!

Тотенхем во минатата сезона во Премиер лигата го завзеде високото второ место обезбедувајќи директен пласман во групната фаза од ЛШ и зад себе остави многу гиганти на англискиот фудбал.

„Петлите“ играа навистина одлично, па ова лето се очекуваше одредена активност на пазарот и зајакнување на тимот за конечен напад на титулата. Но, она што се случи ги остави во чудо сите љубители на фудбалот. Тотенхем не само што не ја пратеше конкуренцијата во борбата за големите потписи, туку не донесе никого.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вистина, трансфер периодот трае уште речиси еден месец, но по заминувањето на Кајл Вокер во Манчестер Сити, не е доведена ниту негова замена на десниот бек. Ваквите потези на управата на Лондонскиот клуб ја изненадија јавноста, но менаџерот Маурисио Покетино не ја губи главата. Тој тврди дека знае што работи и дека ќе има засилувања.

Всушност, Тотенхем и претходните години знаците на живот на пазарот генерално ги покажуваше на самиот крај, последните денови на август. Прашањето е што ќе биде овој пат поради малкуте луди можности на пазарот и цената која одамна ги напушти границите на здравиот разум.

Прашањето е дали ваквата трансфер политика внимателно е планирана бидеќи играчите, колку и да се квалитетни, тешко е да се вклопат во системот и од нив да се направат вистинските засилувања. Барем тука Тотенхем знае, со толку промашени инвестиции во изминативе години.

Ќе видиме, можеби бомбата од северниот дел на Лондон е темпирана за последните денови на август. Или Покетино ќе укаже доверба на силите кои претходно му беа на располагање. Ќе видиме и за што ќе му биде доволно. Конкуренцијата страшно се засили…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…