Дома Останати Кошарка Најоригиналното повлекување во НБА

Најоригиналното повлекување во НБА

Некогашниот центар на Сан Антонио Спарс, Мет Бонер официјално потврди дека ја заврши кариерата.

Бонер 12 сезони помина во НБА лигата, како 45-ти пик на драфтот беше избран од Булс, но никогаш не заигра за нив. Дебитираше за Торонто Репторс, а во 2006 премина во Спарс каде беше се до лани.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За повлекувањето на искусниот центар се шпекулираше некое време, а тој го потврди тоа во интересно видео.

Во него, Бонер ја објавува својата одлука во празна сала, се заблагодарува на бројните градови и тимови за кои играше и на крајот на навивачите и од нив бара да се сеќаваат по тоа што најдобро го правеше, а потоа наместо да шутира за три, тргнува да забива. Инаку, над половината шутеви во неговата кариера беа за три поени (1923 од 3768),
а имаше само 34 успешни забивања.

Бонер е само еден од петмината играчи кои десет години со ред играше за Спарс. По овој параметар тој е рамо до рамо со Дејвид Робинсон, Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Бонер за неколку дена ќе се придружи на коментаторскиот тим на тв Спарс, а деби на местото стручен коментатор ќе има во вторник, кога Тексашаните ги дочекуваат Милвоки Бакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…