Дома Останати Кошарка Најголемиот СРАМ во историјата на НБА: Кевин Дурант ги бранел своите одлуки од ЛАЖЕН профил!

Најголемиот СРАМ во историјата на НБА: Кевин Дурант ги бранел своите одлуки од ЛАЖЕН профил!

Кевин Дурант е помеѓу тројцата најдобри кошаркари во светот, актуелен, НБА шампион и МВП во финалето, но и понатаму чуствува потреба да ги брани своите одлуки на друштвените мрежи, па дури и од лажен профил…

Откриено е дека Дурант користел лажен Твитер профил, за да одговара на критиките после преминувањето во Голден Стејт, трансфер кој многумина го нарекуваат најсрамен во историјата на НБА лигата. Еден од најдобрите кошаркари веројатно го избра најлесниот пат да стигне до шампионскиот прстен и се пресели во најсилниот тим кој една сезона претходно без него оствари рекорден учинок од 73 победи и 9 порази.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дурант од својот официјален профил одговорил во трето лице на критиките: “Не му се допаѓала организацијата во клубот или играњето за Били Доновоан. Тимот не му беше доволно добар, таму играа само тој и Расел Вестбрук“, напиша во еден Твит, а од другиот профил, си одговорил дека Вестбрук бил единствениот играч кој вредел во тимот на Оклахома.

Но, очигледно Дурант зборавил да се одлогира од својот вистински Твитер профил пред да се пресели на лажниот со што би ја бранел својата одлука за напуштањето на Оклахома.

Во меѓувреме „Reddit“ открил и лажен профил на Дурант и на Инстаграм, кој му служел за истата намена. Интересно е што набрзо после разоткривањето на овој профил му беше променето името. Дурант на овој профил бил многу повеќе жесток со оние кои ја критикувале неговата одлука.

На крајот и Дурант самиот призна.

„Испаднав целосен идиот. Твитерот го користам за комуникација со навивачите, а кога зборуваме за кошарката тоа знае да отиде предалеку. Жал ми е што го навредив поранешниот тренер на Оклахома. Тоа беше дебилно од моја страна. Се извинувам. Ги сакам тие луѓе и не сакав да ги повредам. На почетокот сето тоа беше обична шега, го правев тоа цело лето… Не спиев два дена и две ноќи, не ни јадев, бев многу лут на самиот себе“, зборуваше Дурант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…