Дома Фудбал Италија Наинголан без влакна на јазик: Го мразам Јувентус, победува со судии!

Наинголан без влакна на јазик: Го мразам Јувентус, победува со судии!

Играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан ја разбранува јавноста во Италија после неговата „шокантна“ изјава во врска со големиот ривал Јувентус.

Имено, белгискиот фудбалер без влакна на јазикот пред камерите изјави дека го мрази Јувентус бидејќи според него секогаш победува со помош на судиите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Го мразам Јувентус уште од моите денови во Каљари. Секогаш давав максимум за да го победам. Тогаш не загубивме на „Јувентус стадионот“, но јас ќе дадев што можам за да победиме. Го мразам затоа што секогаш победува поради пенал или фаул. Тие го освоија Скудетото против нас на натпревар во Трст, навистина ги мразам бидејќи секогаш имаат помош“, изјави Наинголан.

„Дојдов во Рома за да освојам нешто против Јуве, но тоа е тешко поради другите фактори. Оптимист сум, дури и доколку не стигнеме до скудетото сигурно ќе го освоиме Купот на Италија. Пред нас е полуфиналето со Лацио, но ќе славиме и на двете средби“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…