Дома Останати Тенис Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето во Синсинати

Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето во Синсинати

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето од АТП турнрот во Синсинати.

Надал во осминалето беше подобар од Алберт Рамос со 2:0 во сетови по еден час и 39 минути игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот тенисер на светот против својот сонародник имаше доста проблеми во првиот сет кој го доби дури по три тај брејка, додека во продолжението одигра многу подобро, па го реши вториот сет со резултат 6:2.

Во четвртфиналето се пласираше и Ник Кирјиос кој со 2:1 беше подобар од Иво Карловиќ. Хрватскиот тенисер го освои првиот сет со резултат 6:4, но во вториот загуби по тај брејк, додека третиот замина на страната на Кирјиос со резултат 6:3.

Токму Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето од овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хит момент: Реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ по петти пат беше прогласен за најдобар во светот 🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спо…