Дома Останати Надал го заокружи списокот на полуфиналисти во Монте Карло

Надал го заокружи списокот на полуфиналисти во Монте Карло

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Мастерсот во Монте Карло. Шпанецот во два сета по 6:4 го елиминира Диего Себастијан Шварцман како нова потврда за добрите настапи на еден од неговите омилени турнири во сезоната на земја.

Тој воедно е најголем претендент за титулата со оглед на елиминациите на останатите фаворити во досегашниот дел од турнирот. Надал ќе брка финале во Монте Карло низ натпревар со Белгиецот Давид Гофан кој со 6:2, 3:6, 7:5 го совлада Новак Ѓоковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Настапите на турнирот во осминафинале ги завршија Стан Вавринка кој загуби од Пабло Куевас од Уругвај со 4:6, 4:6 и Енди Мареј по поразот од Шпанецот Алберт Рамос со 6:2, 2:6, 5:7.

АТП Мастерс Монте Карло

Четврт-финале, резултати

Надал (Шпанија) – Шварцман (Аргентина) 6:4, 6:4

Гофан (Белгија) – Ѓоковиќ (Србија) 6:2, 3:6, 7:5

Пуе (Франција) – Куевас (Уругвај) 6:0, 3:6, 7:5

Рамос (Шпанија) – Чилиќ (Хрватска) 6:2, 6:7, 6:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…