Дома Топ вести Мурињо не го сака Роналдо, туку друга суперѕвезда!

Мурињо не го сака Роналдо, туку друга суперѕвезда!

Како што пренесува „Don Balon“, Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не сака во екипата да го доведе неговиот сонародник, Кристиано Роналдо.

Мурињо и Роналдо никогаш не имале осоено добар однос што е навистина интересно, бидејќи доаѓаат од иста земја, а португалскиот тренер не е заинтересиран за официјално најдобриот фудбалер во светот, иако тој ова лето поради проблеми со данокот би можел да го напушти Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наместо Роналдо, тренерот на „Црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ повеќе би сакал да го види Бразилецот Нејмар и тоа им го пренел на управата на клупот која би можела да стапи во контакт со Барселона за одличниот напаѓач.

Потсетуваме, Нејмар претходно се поврзуваше со заминување од Барса поради слични проблеми со данокот, а и тогаш се споменуваше Манчестер Јунајтед. Сепак, рака на срце, Барселна тешко дека ќе се откаже од својот фудбалер во кој секако повеќе го гледаат во иднина.

Нејмар минатата сезона во дресот на Каталонците одигра 30 натпревари во Ла Лига и постигна 13 гола со 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…