Дома Трансфер зона Мурињо избра засилување, но има ГОЛЕМ конкурент!

Мурињо избра засилување, но има ГОЛЕМ конкурент!

Изгледа дека овој фудбалер би бил идеално засилување за Јунајтед, но „ѓаволите“ ќе имаат конкуренција за потписот на овој играч од клубот кој потроши најмногу ова лето.

Жозе Мурињо на конференцијата за новинари пред натпреварот со Реал Мадрид во рамките на подготвителниот турнир кој се игра во САД зборуваше за потенцијалните засилувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тој откри дека сака четири засилувања, две веќе доби, но би се помирил и ако добие уште едно. Изгледа дека идеално трето засилување би бил фудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчез, за кого „Специјалниот“ покажуваше интерес и минатото лето.

Сепак, тогаш младиот Португалец го избра Баерн Минхен, но Карло Анчелоти не го користеше премногу играчот на Бенфика, па фудбалерот ова лето би можел да ја промени средината.

Санчез може да покрива повеќе позиции на средината теренот и поради тоа би бил одлично засилување. Но, на „црвените ѓаволи“ воопшто нема да им биде лесно да стигнат до потписот на овој фудбалер со оглед на тоа дека за него голем интерес покажа и екипата на Милан.

Ќе видиме како работите ќе се развиваат, но она што е многу веројатно е дека Санчез нема да го дочека почетокот на сезоната во редовите на Баерн.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…