Дома Фудбал Англија Мурињо го „пецна“ Гвардиола: Луди суми за нормални фудбалери!

Мурињо го „пецна“ Гвардиола: Луди суми за нормални фудбалери!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го „пецна“ својот најголем ривал Пеп Гвардиола за сумата која каталонскиот стратег ја потроши на трансфер пазарот.

Гвардиола ова лето потроши повеќе од 200 милиони евра, а последен во низата трансфери беше Кајл Вокер за кого „граѓаните“ платија 60 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Навикнат сум да гледам како клубовите плаќаат огромни суми за големи играчи. Сега сите плаќаат огромни суми за добри играчи. Има разлика помеѓу голем играч и добар играч. Во моментив се вртат луди суми за нормални играчи“, изјави Мурињо.

„Секој клуб е економски многу моќен. Тоа ви овзможува да кажете НЕ или пак да кажете „платете колку што бараме или нема да го добиете итрачот“. Можам да замислам дека Сити и Гвардиола сакале да платат 25 милиони фунти за Кајл Вокер, но добиле одговор „ова не е неговата цена“. Опцијата е да ја платите сума која ви ја бараат или да не ја платите”, додаде „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…