Дома Трансфер зона Мурињо го „краде“ Санчез пред носот на Гвардиола

Мурињо го „краде“ Санчез пред носот на Гвардиола

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануарискиот преоден рок да ја донесе ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.

Санчез ова лето беше многу блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Мурињо че се обде да го „украде“ Чилеанецот пред носот на Пеп Гвардиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 25 милиони фунти за да го донесат Санчез пест месеци пред истекот на договорот.

Санчез ова лето остана на „Емирати“, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па „топџиите“ ќе мораат да го продадат во јануари доколку сакаат да заработат на неговото заминување.

„Сан“ пренесува дека двата клуба од Манчестер во јануари ќе водат битка за потписот на одличниот Чилеанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…