Дома Трансфер зона Мурињо ги склопува коцките – прави најсилен Јунајтед на сите времиња!

Мурињо ги склопува коцките – прави најсилен Јунајтед на сите времиња!

Доволно говори фактот дека одби и да размислува за Нејмар, има потполно нова идеја за средниот ред, и се пишува за две спакувани засилување за следното лето.

Жозе Мурињо се уште се загрева. По Линделоф и Лукаку во потрага е играч за врска, Матиќ и понатаму е високо на листата, но тешко дека Челзи ќе го пушти играчот да си замине во лутиот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму поради тоа, наводно, „Специјалнио“ сега се сврти кон Марко Верати, се обидува да го грабне од Барселона, за разлика од Каталонците, тој е подготвен да понуди и повеќе од 100 милиони евра и да го комплетира средниот ред од соништата.

ПСЖ ги одбива нападите, но ако навистина се обиде да ја исплати клаузулата за Нејмар, што сепак малку е веројатно со оглед на финансискиот фер плеј, нема да биде чудно да го продадат Верати на Јунајтед.

И тоа не е се, Мурињо гледа во иднината, денешните англиски медиуми пишуваат дека постојат некои договори со агентот Герет Бејл и дека Велшанецот следното лето ќе се пресели меѓу „Црвените Ѓаволи“.

Тогаш во Реал би требало да пристигне Мбапе и тоа веројатно би го охрабрило Бејл да ја прифати понудата на Јунајтед. Се верува дека тогаш и Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико и на крајот сепак ќе заигра за „Ѓаволите“.

Е сега, останува да замислите тим со Погба, Бејл, Верати, Гризман, Лукаку и Мурињо на кормилот… делува застрашувачки.

Парите не се проблем, според некои информации, Јунајтед може без проблем да си го дозволи Нејмар, но на Португалецот не му паѓа на памет да го донесе Бразилецот, сака потполно поинаков тим на играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…