Дома Фудбал Англија Мурињо во трка со големиот Ферги: „Специјалниот“ блиску до соборување на рекордот

Мурињо во трка со големиот Ферги: „Специјалниот“ блиску до соборување на рекордот

Манчестер Јунајтед одлично стартуваше во новата сезона од Премиер лигата. Вчера „Црвените ѓаволи“ славеа против Евертон, но за избраниците на Жозе Мурињо нема одмор, бидејќи „Специјалниот“ е во трка по рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

По пет кола од новата сезона, ривалите од Манчестер се наоѓаат на првите две позиции на табелата, со ист број бодови и идентична гол разлика. Сити вчера триумфираше против Ватфорд со 6:0, додека Јунајтед беше подобар од Евертон со 4:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата победа на „Црвените ѓаволи“ значеше дека сега Мурињо е само пет натпревари далеку од соборувањето на рекордот на Фергусон.

Имено, Манчестер Јунајтед е во серија од 33 натпревари без пораз, во сите натпреварувања, на „Олд Трафорд“, додека екипата со легендарниот Фергусон на клупата успеа да оствари 37 натпревари во низа без пораз.

Тоа значи дека Мурињо, ако во следните пет натпревари избегне пораз, ќе стане новиот сосптвеник на најдолгата низа на непобедливост на „Театарот на соништата“.

Шанда да се доближи до овој рекорд ќе има уште во среда, кога во рамки на Карабао Купот ќе се соочи против екипата на Бартон Албион. Потоа следат дуелите против Кристал Палас, Тотенхем и Њукасл во Премиер лигата, како и дуелот против Бенфика во рамки на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…