Дома Фудбал Германија Мора на тестирање: Никој не верува дека ова „чудо од дете“ има само 12 години!

Мора на тестирање: Никој не верува дека ова „чудо од дете“ има само 12 години!

Во Борусија Дортмунд се помирија со заминувањето на Осман Дембеле во Барселона. Се утешија со отштета од 105 милиони евра, но и со фактот дека во младинската школа имаат дете кое може да биде идната голема фудбалска ѕвезда.

Неговото име е Јусуф Мукоко и никој не му верува дека има само 12 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мукоко според документите е роден 20 ноември 2004 година во Камерун. Со оглед на фактот дека е физички супериорен од своите врсници веќе некое време игра за кадетите на Борусија, односно со фудбалери до 17 години.

Во пет настапи оваа сезона постигна неверојатни 13 гола, а неодамна дебитираше и за германската У16 репрезентација и после само 15 минути постигна гол.

Меѓутоа, на Мококу малкумина му веруваат дека е толку млад. Веќе е познато дека африканските фудбалери знаат да се појават во Европа со фалцификувани документи, па потоа се фатени во лага.

„Необично е што момче од 12 години има тело како еден 17-годишнак“, изјави Јоаким Шуберт, поранешен доктор на Бохум.

Мора да оди на тестирање

Најпрецизен начин да се утврди нечија старост е анализата на коските, а Борусија Дортмунд за да го отсрани сомневањето најави дека ќе го пушти на тестирање.

Меѓутоа, на тоа оштро се спротистави неговиот татко Жозеф.

„Непосредно откако се роди го пријавив во германскиот конзулат во Камерун. Имаме и германски извод на родени“.

После оваа изјава германските медиуми се пражуваат зошто неговиот татко толку се противи на тестирањето и инсистираат да биде направено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…