Дома Трансфер зона Монако ја доби битката: Доаѓа еден од најбараните фудбалери во Европа!

Монако ја доби битката: Доаѓа еден од најбараните фудбалери во Европа!

Еден од најталентираните светски фудбалери, Јури Тилеманс од Андерлехт беше на радарот на многу европски гиганти, а од следната сезона ќе игра во Монако.

Медиумите потврдија дека Монако ги договорил сите детали околу трансферот на Тилеманс. Тимот од „кнежевството“ за него ќе плати 20 милиони евра, а Тилеманс ќе потпише договор до 2022 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доаѓањето на Тилеманс значи дека барем двајца играчи од редот за врска ќе го напуштат клубот, се шпекулира дека тоа ќе бидат Бакајоко, за кого интерес покажува Челзи и Манчестер Јунајтед.

19-годишниот Тилеманс е најмладиот капитен во историјата на славниот белгиски клуб, а воедно е најмладиот Белгиец кој одиграл натпревар во Лигата на шампионите.

За Андерлехт има одиграно 130 натпревари, дебитираше во репрезентацијата, а оваа сезона има одличен учинок на 46 одиграни натпревари (18 голови и 12 асистенции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…