Дома Трансфер зона Монако на “распродажба“ и Лемар пристигнува на островот?

Монако на “распродажба“ и Лемар пристигнува на островот?

После Бернардо Силва кој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити, Монако ова лето би можел да остане без уште еден првотимец.

Според француските медиуми, голем интерес за услугите на овој фудбалер покажал Тотенхем.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маурисио Покетоно на не дело можеше да се увери во квалитетите на овој фудбалер со оглед на тоа што Лемар беше стрелец на еден гол во натпреварот од минатогодишното издание во Лигата на шампионите помеѓу овие две екипи. Да потсетиме Монако славеше со 2:1 и на двете средби.

Лемар има само 21 година и зад себе има фантастична сезона. Тој е еден од најзаслужните што клубот од Кнежеството стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите, каде што беа запрени од Јувентус.

Овој фудбалер продукт на фудбалската школа на Каерн од каде Монако го доведе во своите редови во 2015 година на препорака на нивниот поранешен фудбалер Жером Ротен.

Во претходните две сезони Лемар запиша скоро 100 настапи францускиот клуб во сите натпреварувања, а поради одличните настапи доби повик и во репрезентацијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…